Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Здравје за вашето бебе

Здравје за вашето бебе
Објавено: 2009-06-07
 Но вкусот на зеленчукот не секогаш е прифатен од страна на бебињата, затоа се препорачува во почетокот да се меша со млеко. Обидот да се нахрани детето со овој вид на кашичка со помош на мало лажиче понекогаш завршува со неуспех, па потоа треба да се чека да помине некој период за да пробате пак. Затоа наш совет е, ако правите супа од зеленчук немојте во првите 2 – 3 недели да ставате праз, лук, кромид и слични плодови кои можат да го обесхрабрат бебето. Користите само морков, тиквици, компир или зелена салата. Во текот на 2 – 3 дена во шишето на бебето ( во попладневниот оброк ) ставете чорба наместо вода и додајте млеко. Така бебето ќе го навикнете на вкусот на зеленчукот. Некои бебиња обожаваат зеленчук, некои не. Овој постепен метод може да помогне околу навикнувањето на бебето на вкусот на зеленчукот. Детето кое неможе да изеде доволно во редовните оброци има потреба од ужина меѓу оброците. Ужината се дава 2 -3 пати дневно и не треба да биде обилна. Исто така важно е ужината да се сервира во вид на оброк така да детето не јаде ништо се до следниот оброк.

Детето треба да се спречи да јаде по малку секој час. За дете од 6 – 8 месеци се препорачува да се даде ужина од пире, вариво, сирење, двопек, банана или попара. За дете од 9 – 12 месеци се дава варен зеленчук, сецкано овошје, јаболка, крушка, праска, компот или пире од овошје, ќофте од мелено месо, риба или ситно сецкано пилешко или говедско месо. За дете постаро од година и половина, може да се дава се што е погоре наведено, а може плус и житарици со млеко, разни сендвичи или пире од банана или тиква.

“Послушното” бебе можете да го наградите со овошен компот од јаболка, круша итн. Бебето обично го сака овој вкус затоа што е по благ од вообичаеното. Во почетокот не знае и ќе прифати само 1 – 2 кафени лажички но за кратко време дозата ќе се зголеми од 20 – 30 – 40гр. Бебињата и малите деца обично го сакаат десертот и може да изедат повеќе од предвиденото. Во тој случај намалете го млекото во наредниот оброк. Бебињата многу ги сакаат бананите. На бебињата помали од 8 месеци можете да им дадете добро созреано овошје, излупено и испасирано, во мали количини. Јогурти и млади сирења можете да им давате по 8-иот месец, но овие млечни продукти малку засладете ги. Корисни совети: - Добро измијте ги рацете пред да го земете стерилното шише и цуцла на детето. - Пазете на цуцлата! Некои цуцли пропуштаат повеќе млеко, а тоа доведува до брзо прејадување на бебето што има понатамошни последици проследени со повраќање. - Во почетокот не му дозволувајте на детето да го испие цело млеко без да земе воздух. На секои 5 – 6 голтки прекунувајте го, така да детето ке може да земе воздух. - Водете сметка шишето на бебето да биде убаво дигнато така да целата цуцла да биде исполнета со млеко во спротивно бебето ке се наголта воздух.

 

Слични статии:

Исхрана на бебето од 6 до 9 месеци Исхрана на бебето од 6 до 9 месеци

Исхрана на бебето од 6 до 9 месеци

Претпазливост во исхраната на доенчињата Претпазливост во исхраната на доенчињата

Претпазливост во исхраната на доенчињата

Лажичка по лажичка Лажичка по лажичка

Бебето во принцип не сака промени - тие го збунуваат, така што, нерасположението е за напорот кој бара постојано приспособување на новините.

Lenny Travel - Nagradna Igra Directorium.mk hrana.com.mk на Skype.
Моментално сме: исклучени, offline
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг