Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Со правилна исхрана спречете ја надуеноста на вашиот стомак

Со правилна исхрана спречете ја надуеноста на вашиот стомак
Објавено: 2010-02-04
Надуеноста на стомакот се јавува како последица на зголемените гасови во цревата кои ги предизвикуваат бактериите од несварените јаглени хидрати и белковини. Најчести причинетели на овие гасови се обемните оброци, голтање на воздухот, консумирање на течности при оброкот и лоша комбинација на намирниците. Еве неколку практични совети како да го ублажите и елиминирате овој проблем.

Најголем дел од гасовите се апсорбираат преку слузокожата на цревата, а потоа преку крвотокот доаѓаат до белите дробови и дишните патишта, па се исфрлаат преку устата. Помал дел од гасовите, околу 14%, се исфрла преку аналниот отвор.

Кај одредени состојби на болестите настануваат поголема количина на гасови кои тешко може да се ослободат од организмот, па тогаш се појавуваат низа проблеми како што се: чувство на тежина, подригнување, гласно кркотење на цревата, мачнина, отежнато дишење како последица на подигнување на дијафрагмата и др. Овие состојби можат да бидат прдружувани и со болки, кои настануваат кога меурите на гасот ги притискаат ѕидовите на желудникот и цревата. Надувување на стомакот може да се појави веднаш после оброкот, помеѓу оброците или во вечерните часеви.

Причини за надуеност:

  • Обемни оброци, затоа што тие го продолжуваат варењето на храната. 
  • Голтање воздух, како последица на брзото консумирање на храната, кои најчесто се појавуваат кај нервозните особи.
  • Неквалитетно џвакање на храната, што се должи на продолжено варење на храната, затоа што несварената храна доаѓа во дебелото црево каде што е изложена на ферментација.
  • Консумирање течности заедно со храната за време на оброкот или непосредно по оброкот, така што доаѓа до разредување на желудникавите сокови.
  • Лоша комбинација на храната (комбинација сконцентрирана на јаглени хидрати и белковини).
  • Внес на газирани пијалоци.
  • Земање на некои лекови.

Некои намирници се сметаат дека се природни предизвикувачи на гасови.

Најголеми предизвикувачи на гасови се: грав, грашок, брокули, кељ, прокељ, зелка, млечни производи, црн лук. соја, пржена храна, класична запршка, газирани пијалоци, топол леб и пецива. вештачки засладувачи (сорбитол).

Умерени предизвикувачи на гасови се: јаболките, морковите, целерот, модер домат, интегрални житарки, грозје, сливи.

Слаби предизвикува на гасови се: млеко и пасирани јајца.


Правила за спречување на надуеноста.
 
За да се спречи надуеноста би требало да се држиме кон некои правила:
  • Консумирајте ги вашите оброци малку почесто, но во помали количини.
  • Добро џвакајте ја храната.
  • Варете го малку подолго зеленчукот, а водата во која се вари треба често да се менува.
  • Применете ја постапката на пасирање на зеленчукот и овошјето како што се брокулите, целерот и морковите.
  • Наместо свеж леб, користете малку отстојан леб.
За да се ослободите од гасовите, консумирајте повеќе чаеви како што се: камилица, нане и ајдучка трева. Етеричните масла од овие чаеви ги растворуваат гасните меурчиња во цревата и го олеснуваат ослободувањето на гасовите. Овие горки чаеви го стимулираат производството на дигестивните сокови и со тоа ја спречуваат појавата на надуеност. 
 

Слични статии:

Со храна против алкохолниот мамурлук Со храна против алкохолниот мамурлук

Љубителите на добрата и обилна капка треба превентивно да го подготват организмот за цело­дневното или целовечерното конзумирање алкохол. Пред излегување задол­­­­­ж­и­телно напијте се витамин Ц.

Доволни се 80 грама месо дневно Доволни се 80 грама месо дневно

Доволни се 80 грама месо дневно

Житарки, семки, овошје, мед... Житарки, семки, овошје, мед...

И покрај сите добри атрибути, ниту еден продукт не смее да стане доминантен, ниту да потисне некој друг бидејќи тоа би довело до монотонија, а со тоа и до дефицитарна исхрана.

Јаглените хидрати - главен извор на енегија Јаглените хидрати - главен извор на енегија

Јаглените хидрати се главен извор на енергија на организмот (глукоза). Постојат едноставни јаглени хидрати (шеќери) и сложени јаглени хидрати (скроб).

Влакната кои ги има во грозјето се здрави Влакната кои ги има во грозјето се здрави

Прехрамбените влакна од црното грозје го смалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, тврди најнова шпанска студија.

Миниралите во диетата Миниралите во диетата

Миниралите во диетата

Исхрана на деловни луѓе Исхрана на деловни луѓе

Кај многумина вкоренет е ставот дека деловните луѓе лошо се хранат, т.е. неквалитено. Постојано слушаме дека за таквата состојба не се виновни тие самите, туку дека работниот ден не може да се организира поинаку, освен на штета на работата. Притоа се наметнува заклучокот дека повредни и покорисни се оние кои за време на работниот ден не трошат време за јадење.

Шест корисни совети за регулирање на варењето на храната Шест корисни совети за регулирање на варењето на храната

Шест корисни совети за регулирање на варењето на храната

Алкохолот не е навистина штетен Алкохолот не е навистина штетен

Иако голем број експерти тврдат дека една од тајните на долгиот и здрав живот е избегнувањето на алкохолот, голем број на истражувања тоа вешто го побиваат, тврдејќи дека алкохолот не треба комлетно да се откажете, освен во исклучителни здравствени ситуации.

Спремни сте за Спремни сте за "ментален" фитнес?

За една вежба да биде ефикасна прво треба да помислиме на тоа колку е ефикасна и колку може да биде ефикасна таа вежба, тоа е веќе докажано. Телото ги слуша командите од мозокот дури и во седечка положба.

Lenny Travel - Nagradna Igra Directorium.mk hrana.com.mk на Skype.
Моментално сме: исклучени, offline
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг