- Секогаш имајте на ум дека непосредното влијание на мајката и таткото има важна улога во изградувањето на сетилото за вкус.
- Храната за доенчето има симболична вредност и нејзините особености тоа ги поврзува со оние од кој ја прима храната. Ова особено важи за улогата на мајката која е исклучително битна во формирањето на идните навики на исхрана на детето. Нејзина задача е да го посочи полезниот карактер на одредени прехрамбени продукти.
- Мнозинство од децата јадат претерано шеќер уште од најмала возраст, а се по вина на нивните родители.
- На овој начин детето стекнува навика за непотребна и претерана употреба на шеќер.
- Познато е дека претераното консумирање на шеќер придонесува за појава на одредени проблеми со здравјето ,а пред се со вишокот килограми.Освен "празни" калории, шеќерот не поседува ниту витамини, ниту пак минерали.
- Прекумерното внесување на шеќер кај бебињата влијае исто така и врз развивањето на сетилото за вкус и предизвикува поголема склоност кон слатката, отколку кон другите вкусови на храната.
- Родителите, затоа, имаат голема и одговорна воспитна улога во исхраната и нејзиниот избор.
1. Давање на неопходни совети со кои ќе се избегне неправилната исхрана.
2. Овозможување на децата да изградат однос кон исхраната кој ќе ги претпочита вкусовите на оние продукти што се корисни за здравјето.
3. Давање слобода на децата во изборот на храната.
- Образованието во исхраната треба да го следи и образованието на сетилото за вкус, поради тоа што токму афективноста поврзана со свеста за одреден вкус ја претставува основата на ставот кон одредени прехранбени продукти.
- Според сознанијата од истражувањата, доенчето не само што го препознава вкусот на она што го има во устата, туку тоа препознавање истовремено е проследено и со емотивна оцена која се движи од пријатно до непријатно.
- Значи афективниот резонансот "кујната на моето детство" има безспорно ефективни и дегустативни последици кои ја условуваат неопходната поврзаност на исхраната во детството и изграденото сетило за вкус кај возрасниот човек.
- Така можеме да заклучиме дека исхраната има еднакво важна улога во образованието како и училиштето.
- Правилната исхрана е основа на физичката и психичката рамнотежа.


