Денес во светот постојат и доста клиники, во кои на своите пациенти им се препорачува пост како терапапетско средство. Еве како Д-р Џуарт Лумис, еден од лекарите кое го оправдуваат и препорачуваат постот, говори за корисноста од повремено воздржување од цврстата исхрана: "Постот е најстариот природен механизам на лечење. Постот поттикнува чудесен процес на прочистување кој дури достигнува и до секоја ќелија во човековото тело. Во текот на 24 часа од кога престануваме со консумирање храна, ензимите престануваат да навлегуваат во желудникот и наместо тоа одат во цревата и во крвотокот, каде циркулираат секакви отпадни материи, вклучувајки ги и мртвите и оштетени ќелии и непосакувани микроби, метаболитички отпад и други загадувачи. Сите органи и жлезди го добиваат потребниот и заслужен одмор, во текот на прочистување и подмладување на ткивата, а нивните функции се урамнотежуваат и регулираат.
Диета за пост и прочистување
Можеби не сте знаеле дека денес постои една диета која ги сочинува сите благосостојби на терапевтскиот пост, а не го лишува организмот од хранливите состојки кои му се неопходни за нормално функционирање. Тоа е таканаречената Неера диета, која во земјите на запад се практикува повеќе од 40 години и има стекнато голема популарност дури и во холивудските кругови (нејзини корисници се: Том Џенкс, Мик Џегер, Мадона...), а ја користи и спортската легенда Карл Луис. Оваа диета бара од 5 до 10 дена да се консумира само минимум или воопшто црвста храна. Сите неопходни витамини и минерали кои се потребни на телото во тој период да ги добивате од посебниот напиток кој е развиен за потребите на оваа диета, а со состои од комбинација на најквалитетната врста јаворов сируп и сируп од неколку врста ретки тропски палми, така што телото да нема било каков недостаток.
Диета за храбри
Ова секако е диета за храбри. Но, затоа наградува со резултати. За 5 до 10 дена сосема реално е да се изгубат 3, а најчесто 5 до 10 килограми. Меѓутоа, тоа не е сè. Со чувствување на необична леснина, ментална бистрост, растеретеност и задоволство ќе бидат наградени сите оние кои ќе се одлучат на овој начин му дадат прилика на своето тело да се ослободи од намалените отпадни материи и токсини. И не само тоа: освен што на ваков начин ќе се прочисти, организмот создавата природна одбивност кон не здравата храна. Кога еднаш ќе го прочистите својот систем, не здравите намирници кои сте ги консумирале до сега, нема веќе да ве привлекуваат. Со самото тоа, ќе имате многу повеќе шанси да воведете повеќе корисни навики во исхраната.


