Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Исхрана на бебето од 6 до 9 месеци

Исхрана на бебето од 6 до 9 месеци
Објавено: 2009-12-14
Периодот од шестиот до деветиот месец претставува период на брз развој на вашето бебе. Бебето од шест месеци сеуште треба да се држи во раце додека го храните и најчесто сеуште нема заби. Меѓутоа, бебето од девет месеци обично веќе може да седи само во детското столче, а исто така веќе ги има и првите запчиња. Бебињата кои наполниле осум месеци сосема добро можат да ја дофатат храната, па поради тоа, уживаат кога јадат ситни намирници, како што се тестенините, парчињата свеж или варен зеленчук и парчиња свежо овошје. Џвакањето на парчиња јаболко помага во ублажувањето на болките во непцата, меѓутоа никогаш не го оставајте бебето само додека јаде, затоа што бебињата имаат навика да џвакаат поголеми парчиња храна, а потоа да ги држат во устата без да голтнат, па многу лесно може да дојде до состојба на давење.

На возраст од осум или девет месеци, кога вашето бебе е веќе во состојба успешно да ги држи играчките, веројатно е исто така подготвено и за првиот обид за самостојно пиење од чашка. Најпрво обиете се со шолја со клунче за пиење, а потоа отстранете го капачето и видете како бебето се снаоѓа без него.

Дозволете апетитот на вашето бебе да одреди колку ќе изеде и никогаш не го присилувајте да јаде нешто што очигледно не му се допаѓа. Престанете да му ја нудите таа намирница извесен период, меѓутоа секако обидете се повторно по неколку недели. Можно е вториот пат да имате поголем успех и таа намирница да биде прифатена. Имајте на ум дека за бебе на таа возраст е сосема нормално да биде пополничко. Штом вашето бебе ќе започне да ползи и да оди, веднаш ќе го изгуби вишокот на килограми.

Кои намирници да ги изберете?

Во овој период, бебето може сосема слободно да јаде намирници, кои се богати со протеини, како што се јајцата, сирењето, мешунките, пилешкото месо и рибата. Ограничете некои намирници, кои се потешко сварливи - на пример спанаќот, леќата или зрнестиот зеленчук. Не се загрижувајте доколку некои намирници, како што се мешунките, грашокот и сувото грозје, поминат не сварени низ вашето дете. Додека бебето наполни две години, неговиот дигестивен систем не е во состојба потполно да го вари зеленчукот со лушпи и кората на овошјата. Со лупење, гмечење и миксирање на овошјето и зеленчукот, многу ќе помогнете во подобрување на сварливоста на овие намирници. Кога станува збор за намирниците како што се лебот, брашното, тестенините и оризот, обидете се да одберете интегрални, наместо рафинирани, бидејќи интегралните се далеку похранливи. Бебињата кои веќе започнале да јадат добро избалансирана храна, составена од свежи намирници, примаат сосема доволно количество на витамини и минерали.

Овошје

Многу е мал бројот на бебиња кои не уживаат во свежиот вкус на овошјето. Во текот на следните неколку месеци, настојувајте да му понудите на вашето бебе што повеќе видови на овошје.

Подгответе му овошни салати од сезонско овошје исецкано на ситни парчиња и помешано со сок од портокал. Веднаш ќе откриете кои видови на овошје му се омилени, врз база на она што ќе остане неизедено во чинијата.



Зеленчук

Кога на вашето бебе ќе започнат да му никнуваат првите запчиња, ќе видите дека ќе ужива во џвакањето на малку поцврс зеленчук. Намалете го времето на готвење на пареа за да го сочувате витаминот Ц и крцкавоста на зеленчукот. Цветовите од брокула и карфиол, младиот морков и младата пченка, на пример, преставуваат идеален оброк, кој може да се јаде и со прсти. Давајте му ги на бебето заедно со неговата омилена кашичка.

Имајте на ум дека заради зачувувањето на хранливите состојки во кората, некои видови на зеленчук не треба да се лупат, на пример младиот компир и тиквичките. На бебињата им се допаѓаат комбинациите од овошје и зеленчук - обидете се со тиква и јаболко, спанаќ и крушка или смислете некоја комбинација.

Риба

Многу деца растат во одбивност кон рибата, што прставува вистинска штета, бидејќи станува збор за исклучително здрава намирница, богата со протеини и незаситени масни киселини. Претставува идеален оброк за бебиња, лесно се џвака и уште полесно се вари, а и лесно се подготвува.

Се чини дека една од главните причини заради кои децата чувствуваат одбивност кон рибата преставува вкусот, кој може да биде блуткав и здодевен. Комбинирајте ја рибата со некои намирници со интензивен вкус, како домати или друг зеленчук.

Многу педијатри не ја препорачуваат рибата, се додека бебето не наполни шест месеци. Започнете со бела риба, а масната оставете ја за период кога вашето бебе ќе наполни девет до дванаесет месеци.

Внимавајте да не ја преварите рибата, бидејќи ќе стане жилава и невкусна. Рибата е варена колку што треба кога ќе можете да ја раздвоите со помош на вилушка, меѓутоа сепак останала цела. Секогаш внимателно исчистете ги коските, пред да му ја дадете рибата на бебето.

Месо

Пилешкото месо претставува првиот вид на месо кој треба да им се даде на бебињата. Може да се подготви лесно и брзо - што претставува огромна олеснителна околност за вработени родители. Пилешкото месо многу добро оди во комбинација со многу видови на зеленчук, а има мека структура, кога се меша со миксер. Кога вашето бебе ќе биде во состојба самото да ја зема храната и кога веќе ги има првите запчиња, ситно исецканите парчиња пилешко месо преставуваат одличен избор на храна, која може да се јаде со прсти. Меѓутоа, црвеното месо исто така може да се внесе во исхраната по првите шест месеци. Домашната пилешка супа е одличен извор на хранливи состојки.

Слични статии:

Лажичка по лажичка Лажичка по лажичка

Бебето во принцип не сака промени - тие го збунуваат, така што, нерасположението е за напорот кој бара постојано приспособување на новините.

Претпазливост во исхраната на доенчињата Претпазливост во исхраната на доенчињата

Претпазливост во исхраната на доенчињата

Здравје за вашето бебе Здравје за вашето бебе

Но вкусот на зеленчукот не секогаш е прифатен од страна на бебињата, затоа се препорачува во почетокот да се меша со млеко. Обидот да се нахрани детето со овој вид на кашичка со помош на мало лажиче понекогаш завршува со неуспех, па потоа треба да се чека да помине некој период за да пробате пак. Затоа наш совет е, ако правите супа од зеленчук немојте во првите 2 – 3 недели да ставате праз, лук, кромид и слични плодови кои можат да го обесхрабрат

Lenny Travel - Nagradna Igra Directorium.mk hrana.com.mk на Skype.
Моментално сме: исклучени, offline
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг