Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Исхрана и совети за одвикнување од пушењето

Исхрана и совети за одвикнување од пушењето
Објавено: 2010-02-05
Некои намирници го отежнуваат процесот на одвикнување од пушењето. Се работи за намирници кои ја зголемуваат киселоста на организмот, правејќи го никотинот потежок за исфрлување од нашето тело, што понатаму резултира со зголемена желба за пушење. Во намирници кои ја зголемуваат киселоста влегуваат: месото, сирењето, кашкавалот, јајцата, кикириките и алкохолот.

Поголем дел од пушачите не се ни свесни за важноста на исхраната. Здравата храна е важна за секоја особа, но пушачите посебно треба да бидат свесни за тоа. Така што, скоро сите зависнуци од тутунскиот дим имаат дефицит од многу витамини и минерали, затоа што пушењето ја спречува нивната апсорбција. Најважно за споменување е недостатокот на витамин Д, калциумот, витамините Ц и Е - кои се познати како снаодливи антиоксиданси, односно борци против ракот и другите сериозни болести. За да не ги почувствувате последиците од недостаток на овие материи, важно е секојдневно да консумирате овошје и зеленчук, како што се: зелката, пиперката, морковот, портокалот, лимонот, но и семки од сончоглед, тиква... Пожелно е минимум 15 минути дневно да поминете на сонце, со што на организмот ќе му ја обезбедите оптималната количина на витамин Д.

На пушачите им е неопходна многу поголема количина на витамин Ц отколку на непушачите - односно околу 2000 милиграми дневно, што е невозможно да се внесе преку исхраната, па е потребно да консумираат и суплименти (додатоци) од тој витамин.

Совети за одвикнување од пушењето

Доколку сте одлучиле дека заради Вас и Вашите најблиски да станете поранешен пушач, еве неколку совети кои Вам многу би можело да ви помогнат на патот кон одвикнување од пушењето. Првите неколку дена е најтешко, но најважно е да не дозволите да ве напушти самодовербата и да не се откажете уште пред да започнете.

  • Консумирајте шест до осум чаши вода дневно, тоа на Вам ќе ви помогне што побрзо да го прочистите организмот од никотин.
  • Не консумирајте жестоки алкохолни пијалоци, пиво и вино, како и газирани пијалоци, посебно оние кои содржат кофеин.
  • Не консумирајте кафе, или тоа сведете го на минимум, за да не почувствувате потреба да запалите цигара.
  • Не ги прескокнувајте оброците, посебно појадокот.
  • Првата недела избегнувајте масна и зачинета храна, затоа што пушачите добиваат силна желба за пушење најмногу после таков оброк.
  • Консумирајте повеќе јогурт и кисело млеко.
  • Зголемете го внесувањето на витаминот Б со консумирање на житарки, интегрален леб или пивски квасец - тоа на Вам ќе ви помогне да ги смирите вашите нерви за време на одвикнувањето од пушењето.
  • Трудете се да што помалку време да поминете пред Вашиот телевизор. Наместо тоа, одете на прошетка два до три пати дневно по околу 1 час, особено после оброкот. Тоа ќе ви помогне да заборавите на цигарите и да се ослободите од напнатоста.
  • Можете да се послужите и со некои од современите сретства за одвикнување од пушењето, кои што ќе ви ги препорача Вашиот лекар.

Намирници кои помагаат во одвикнувањето од пушењето.

Тоа се всушност намирници кои влијаат на зголемување на базноста на организмот, како што се:

  • Овес
  • Суво грозје
  • Бадем
  • Смоква
  • Спанаќ
  • Блитва

Базната храна овозможува долго кружење на никотинот низ организмот, па со самото тоа ја намалува желбата за пушење.

Слични статии:

Храна и пијалоци после рекреацијата Храна и пијалоци после рекреацијата

Пред и после, како и за време на рекреацијата мора да ги вратиме изгубените течности. Најмалку 1 час пред тренингот се започнува со консумирање течности, прво се внесува една чаша вода, а за време на тренингот 15-20 минути до 200 милилитри вода или овошен сок.

Живеј подобро и подолго Живеј подобро и подолго

Денес во светот се потешко е да се врати природниот начин на исхрана и живот воопшто. Во мода се мажи и жени кои даваат впечаток во полна форма: витка става, изразени мускули, лесно и сигурно движење, здравје и бели заби, насмевка која плени.

Слушајте го вашето тело Слушајте го вашето тело

Понекогаш кај секого од нас се појавува ненадминлива желба за консумирање точно одредена храна. Тоа не е секогаш од глад, туку е и од сугерирање на организмот.

Која е лозинката за вечно витки? Која е лозинката за вечно витки?

Морате да додадете уште една навика во вашиот живот, а тоа е: секогаш по станувањето наутро да пиете вода, колку што можете повеќе.

Потиштеност поради недостаток на кофеин Потиштеност поради недостаток на кофеин

Кај луѓето кои консумираат поголема количина на кафе во текот на денот, наглото апстинирање од вообичаената употреба на кофеинот, може да предизвика негативни ефекти како главоболка и потиштеност.

Со правилна исхрана спречете ја надуеноста на вашиот стомак Со правилна исхрана спречете ја надуеноста на вашиот стомак

Надуеноста на стомакот се јавува како последица на зголемените гасови во цревата кои ги предизвикуваат бактериите од несварените јаглени хидрати и белковини. Најчести причинетели на овие гасови се обемните оброци, голтање на воздухот, консумирање на течности при оброкот и лоша комбинација на намирниците. Еве неколку практични совети како да го ублажите и елиминирате овој проблем.

Храната и несоницата Храната и несоницата

Италијанското Здружение за медицина на сонот, составило листа на храна што им се препорачува на лицата кои страдаат од несоница, како и на онаа храна што мора да ја избегнуваат.

Витамините - извор на здравјето Витамините - извор на здравјето

Витамините имаат зажна улога во произведувањето на енергијата. Заедно со останатите хранливи состојќи позитивно дејствуваат на: имунитетот, работата на срцето, јакнењето на коските, органите за варење, здравјето на кожата и коските.

Јаглените хидрати - главен извор на енегија Јаглените хидрати - главен извор на енегија

Јаглените хидрати се главен извор на енергија на организмот (глукоза). Постојат едноставни јаглени хидрати (шеќери) и сложени јаглени хидрати (скроб).

Седум совети за среќна кожа Седум совети за среќна кожа

Освен квалитетна прехрана и доволно течности, дерматолозите советуваат уште нешто. Примените неколку добри трикови и вашата кожа ќе зрачи и без шминка. И секако, откажете ги цигарите!

Lenny Travel - Nagradna Igra Directorium.mk hrana.com.mk на Skype.
Моментално сме: исклучени, offline
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг