Пастрмка со кајмак
Потребни состојки:
- 1500 грама Пастрмка
- 50 милилитри Оцет
- 4 чешниња Лук
- 1 парче/чиња Лимон
- 50 грама Брашно
- 200 милилитри Кајмак
- малку   Сол
- Време за подготовка: 30 мин.
- Време за готвење: 60 мин.
- Facebook Сподели
Краток текст:
Пастрмката е здрав и хранлив продукт, кој зазема важно место во урамнотежената и правилна исхрана.
Месото на рибата по својата структура влегува во диетски произоди бидејќи има помалку маснотии, холестерол и заситени масти, што истовремено значи и помала енергетска вредност. Просечната енергетска вредност изнесува 140 килокалории на 100 грама.
Пастрмката е одличен извор на есенцијални рибини масла, вклучувајќи ги омега 3 - масните киселини. Богата е со протеини, кои се потребни за нормален раст и развој. Одличен извор е на фосфор, селен и витамин Б12, Б6, ниацин и пантотенска киселина, а содржи и витамин А и Б1.
Завиден е уделот на есенцијалните аминокиселини (кои во нашиот организам се неопходни, а сам не може да ги произведе). Пастрмката е добар извор на омега 3 - масните киселини (1,1 грам на 120 грама месо), а содржи малку заситени маснотии.
Оваа риба е богата со витаминот Б12, а истовремено содржи повеќе од 10% од дневно препорачаното количество железо.
Подготвување:
Потоа се посолува, се накапува со сок од лимон и се остава да стои барем еден час на ладно место.
Во тава се растопува кајмакот и во него се става предходно набрашнетата риба.
Пастрмките се пржат на тивок оган.
Во меѓувреме се толчи лукот и се меша со оцетот.
Кога рибите се готови, се редат во чинија, се пеливаат со лукот и оцет одозгора, се додава остатокот од кајмакот.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.


